Шилегов ја критикува Данела: Држ се ти до шахтите…

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, реагира на асфалтирањето на патеките во Градскиот парк од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

-Во Градскиот парк во Скопје, во таканаречениот турски дел (паркот е подигнат на почетокот на 20 век), постојат (постоеја, сега веќе не) земјени пешачки патеки, останати таму како традиција. Стојат така повеќе од сто години. До денес???? Денес дојдоа новите ветришта,  напиша Шилегов на Фејсбук.

„П. С. Изборот на асфалт како подлога за стази во парк, во денешно време, е ствар на тотално незнаење и дефинитивно на лош, ама многу лош вкус!!!“, додаде Шилегов во објавата.

По таа објава Шилегов додаде и нов краток пост исто така како критика на Данела.

„Држ се ти до шахтите …“

На социјалните мрежи денеска голем број граѓани реагираа на употребата на асфалт во Градскиот парк, а бројни беа коментарите дека тоа среде лето ќе ја зголеми температурата во паркот – зелената оаза во која скопјани бараат спас од горештините.

Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска не сметаат дека асфалтирањето на земјените патеки е несоодветно. Велат дека тоа го прават по барање на граѓани, од кои имале многу поплаки за немање услови за движење на колички, точаци и се кревало многу прашина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде