Teшка сообраќајна неcpеќа меѓу две товарни возила – ова се деталите!

Утринава информиравме дека сообраќајот на патниот правец Велес – Градско, кај местото Венуле од 11:45 часот се одвиваше наизменично, по една коловозна лента поради случена сообраќајна незгода.

Прес 24 се обрати до надлежните служби на СВР Велес, од каде, пред малку ги дадоа деталите за сообраќајната несреќа. Оттаму известија дека се судриле две товарни возила, при што еден од возачите завршил во болница.

„Денеска (27.07.2022) околу 10.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско се случила сообраќајна незгода помегу товарно возило со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.А и товарно возило со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.П.. Во незгодата со телесни повреди се здобил Д.А., констатирани во болницата во Велес“, информираат од СВР Велес за Прес24.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. 

Извор: Прес 24

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде