Славчо Поповски со ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ до граѓаните: Следните утрини кај нас постои опасност од појава на мраз

Времето денеска ќе биде студено наутро, а преку денот во поголемиот дел од Македонија променливо облачно со локален слаб дожд.

Ќе дува слаб до умeрен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 0 до 10 степени, а максималните – од 13 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, велат од УХМР.

Познатиот метео-прогнозер Славчо Поповски испрати предупредување до граѓаните поради можна појава на мраз да ги заштитат своите земјоделски култури.

„Почитувани : Следните утрини кај нас постои опасност од појава на слаб мраз и премрзнување на земјоделските култури! Затоа заштитувајте ги“, предупреди Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде