Зоран Буревесник објави писмо од татко и ќерка кои биле избркани од телевизија: На денот кога требаше да бидам оперирана, јас веке сум била со отказ од работа

Новинарот Зоран Божиновски објави писмо на татко и ќерка кои биле избркани од ТВ Клан поради конфликт со раководството на телевизијата.

Кемал и Арбреша Алиу, татко и ќерка, работеле во ТВ КЛАН Македонија. Прво дошло до недоразбиранја и конфликт на раководството на телевизијата со таткото, ама ова се одразило и на ќерката. Еве што вели таа:

,,Бев вработена во Телевизија КЛАН Македонија, од 12 февруари останав на боледување, лежев во тетовската болница. Во тој период имало мобинг врз татко ми Кемал, од страна на новинарката АРБАНА КЕРИМИ КЛИМЕНТА.

Без проверка кој е виновен и што се случило, директорите му дале отказ на татко ми во недела на 6 март. Два дена подоцна заедно добивме писмен отказ, без образложение.

На денот кога требаше да бидам оперирана во Скопје, јас веке сум била со отказ од работа, одјавена од пензиско и здравствено осигурување, а не знаев.

Па ми ја одложија операцијата и бев оперирана две недели подоцна откако ми се влоши здравствената состојба. А здравјето ми се наруши поради овие случувања.

Да добијам отказ наредба дале новинарот ФУРКАН САЛИУ и новинарката АРБАНА КЕРИМИ КЛИМЕНТА, а формално се потпишале главниот и одговорен уредник РЕАН САИТИ и директорот АРБЕН ХАЛИЛИ.

Таткото Кемал и ќерката Арбрепа побарале помоп од ЗНМ и од ССНМ, ама од нив добиле одговор дека тие не се надлежни за нивниот случај.

Буквално биле натерани да поднесат приватна тужба. Кемал Алиу тужел за мобинг а Арбреша тужела за неоснован отказ од работа.

По пријава на Арбреша Алиу извршен е инспекциски надзор и дадено и е за право, требало да ја вратат на работа. Ама добила порака од директорот Арбен Халили дека со решенијата од инспекцијата и документацијата од боледувањето може само да се слика.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде