Внимавајте кога купувате пелети: Битолчанец уплатил, но потоа бил измамен

На 23.09.2022 во 14.00 часот во СВР Битола, 42-годишен сопственик на правен субјект од Битола пријавил дека бил измамен од правно лице од Романија за сума од 4.560 евра.

Според пријавеното, тој се договорил со правното лице за купување пелети и ги уплатил средствата, но откако се посомневал во фирмата ја откажал нарачката.

Како што е пријавено, парите не му биле вратени за два дена како што му било ветено, а претставникот на фирмата веќе не бил достапен.

Се работи на расчистување на случајот.

Инаку, сопствениците на печки на дрва или пелети есенва се соочуваат со драстично зголемување на цените.

Цените на огревното дрво и на пелетите во Германија во август се повисоки за 86 отсто во однос на истиот период лани”, се вели во соопштението на Сојузниот завод за статистика.

Значителниот пораст на цените се објаснува со зголемената побарувачка, но и со зголемените трошоци за транспорт и работна сила.

Цената на пелетите порасна за 108 отсто, што е значително повисока од стапката на поскапување во другите сектори, која во просек изнесува 45 отсто.

Германската влада со години го субвенционира купувањето печки на пелети како еколошки одржливо огревно дрво.

Од почетокот на војната во Украина, побарувачката за печки на дрва и пелети во Германија нагло се зголеми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде