Јоци ГРМНА: Стасавме до големото финале. Мислам дека е време јавноста конечно да дознае…

Фејсбук статус на Јорданка Ивановска – Јоци:

Стасавме до големото финале.

Мислам дека е време јавноста конечно да дознае како СЈО почна да се урива уште пред да се формира – за време на ,,шарената” и на Пржино.

И како мојот живот од таа 2015/6 стана неподнослив кога во него прво влезе брачниот пар Попсимонови (чиј баџанак и негов брат се обвинети во два предмети на СЈО – едниот е од УБК, вториот е поврзан со фирмите во Белизе, браќата Стајковиќ).

Па, потоа ме контактира една наша американка од Стејт Департмент која имено ми ја внесе во живот оваа сотонава на Груевски викана Косана Мазнева.

Практично сите овие од сам почеток се уиграни, а и со многу други, за да се стаса до аферата ,,Рекет”, пад на СЈО и спас на еден куп обвинети. Додуша само дел, некои ко Миле и Гоца и други наебаа!

Кој би се посомневал дека американка од Стејт Департмент може да игра прљаво и против правдата која во тоа време имено требаше да стаса во Македонија, нели?

(името нејзино ќе го оставиме за второто продолжение)

Да, но таа влегува во мојот живот пред доаѓањето на Трамп, а СЈО го формираа демократите. Кои и сега повторно се враќаат во Македонија, во октомври.

Таа и Мазнева се познаваа десетина години претходно, каде Мазнева престојувала преку Собрание на Македонија.

По една до две години откако Мазнева ме ,,вози” и ме внесува среде тежок булшит (и не само мене туку и многу други), јас и` фаќам куп пораки на мобилниот (пошто пие и ги измеша мобилните), каде се допишува со икс особи и читам дека постои т.н операција ,,шарени”!? И опфаќа внесување т.е инфилтрација на истурени ликови во ,,шарената” во разни прљави игри со цел компромитација.

Мислевте имате забавни животи? Почекајте да прочитате за мојава ,,забава”!

Во тој момент, јас сфаќам дека сум во тешки говнаилајна и сфатив дека морам да глумам како ништо не знам, да се правам гуска, тешка глупача, падната од Уран. Да правам филмови и што не.

Буквално да влегувам и излегувам од една во друга улога, како знам и умеам. За да ги дознаам сите ликови во играта, да седам со секакви говеда, пропалитети, полусветови и да го сфатам целиот Тарантино филм и кој се е во него.

Ве фаќа језа?И треба! И сево ова овие луѓе ми го направија намерно, во време кога бев ранлива. Мајка ми беше болна, често паѓаше во депресии и не и` се живееше, па морав да ја враќам во живот буквално со психолошки трикови и што не.

Некаде крајот на 2019 се отргнав од оваа лоша прича, кога собрав се што е потребно, затоа што имав луѓе кои ме заштитија (странски служби, а овие мрмотиве мислеа се зезам). Почнаа закани и што не, но знаеја дека тука се ,,поголеми играчи” и не смеат да припарат, пошто ,,баба че да им шета по колосеуму” (цитат Бал Кан Кан)

Во операцијата ,,шарени” за жал има жртви, вмешани ликови од власта во исклучително прљави ствари, во бегството на Груевски, уценети и што не….Снимани, шиканирани, следени…Ништо не е простено, ништо не е заборавено!

Ете затоа ме чува цела војска! Пошто ова глупиве уште не контаат со кого си имаат работа, па еве јавно им кажувам!За сево ова време морав да се обучам и да станам и Лара Крофт!

П.С: А, да…ќе заборавев. Они буквално се ми читаат, ме гледаат преку некоја опрема инсталирана во една ,,лабораторија” и морав и да им правам филмови од една соба.

ПоздраУ од

#странски#служби

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде