Власта објави УБАВА ВЕСТ за ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Од денеска започна распределбата на картичките за зелена нафта

Започнува распределбата на картичките за зелена нафта.

Денеска од прилепскиот регион во придружба на раководителот на ПЕ при МЗШВ Зоран Пачешкоски ги започнуваме активностите со распределба на ,,зелените картички”.

Над 1600 земјоделци од Прилеп и прилепско ќе добијат картички со субвенционирана нафта во вредност од 10.7 милиони денари.

Корисници на оваа мерка се близу 50.000 земјоделски стопанства за кои Владата и МЗШВ преку АФПЗРР обезбедија 250 милиони денари.

Од следната недела и во текот на цел месец Октомври ќе продолжи распределбата и по останатите подрачни единици.

Оваа мерка вредна над 4 милиони евра е одличен механизам за намалување на влезните трошоци на земјоделците за обработување на нивните земјоделски површини.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде