Славчо Поповски со вонредна временска прогноза: Доаѓа невреме кон Македонија

Славчо Поповски со вонредна временска прогноза: Доаѓа невреме кон Македонија

Со продорот на значително постуден воздух од север, кој ќе се судри со летната топла воздушна маса од југ над нашата територија денес и тоа особено попладне, навечер и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе услови врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Можна е појава и на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд (околу 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, вели метео-прогнозерот Славчо Поповски.

Во почетокот на следната седмица пак ќе имаме постабилно, но ветровито време со ветер од северен правец.

Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Во Скопскиот регион исто така ќе има појава на повремен  дожд денес попладне, навечер и во текот на ноќта кон недела а ќе имка услови и за појава на грмежи проследени со засилен ветер,

што значи дека заладувањето нема да го одмине ниту главниот град, објави Славчо Поповски во најновата временска прогноза.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде