Синоптичар од УХМР ја објаснува невообичаената глетка на скопското не6о

Краткотрајно невреме со пороен дожд и многу електрични празнења го зафати Скопје.

Претходно од УХМР најавија дека се очекува нестабилна облачна маса од запад се приближува кон Скопската Котлина и градското подрачје.

Денеска во утринските часови времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд.

Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.

Пред дождот, особено во регионот на Скопје, претходеше чудно осветлување на небото, кое се повторуваше на неколку секунди.

Дел од граѓаните загрижено бараа информации што се случува.

,,Фокус” побара појаснување од синоптичар од УХМР кој појаснува дека бранот бил широк со многу ниска облачност , поради што и глетката на небото била невообичаена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде