Детална временска прогноза: Еве какво време не очекува во следните неколку денови

Времето утре ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Времето во среда ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Додека пак во петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во продолжение прогнозата и на Славчо Поповски:

– Следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена, повремено и локално и позначителна облачност.

Вечерва и утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11.

Во Скопје и околината исто така се очекува стабилно и суво време, а вечерва и утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 20 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде