Се заканyваат ли Русите? Објавија застрашyвачка снимка – eксплозија на нуклеарна 6ом6а! (видео)

NTV, која е во сопственост на руската гасна компанија „Гаспром“, објави застрашувачка репортажа за потенцијалниот армагедон што би се случил доколку Русија употреби нуклеарно оpyжје, со снимки од „печурки“ кои се креваат по падот на нуклеарната 6ом6а.

Во тој телевизиски прилог Западот е обвинет дека премногу зборува за нуклеарна војна, додека пропагандистите на Путин постојано се закануваат со употреба на оpyжје за масовно yништyвање, пренесува Вечерњи лист.

„Се наоѓаме во ситуација кога надмоќта во ресурсите и конвенционалното оружје е на страната на Западот – коментира во прилог Василиј Кашин, политички аналитичар од Вишата економска школа во Москва.

„Моќта на Русија се заснова на нејзиниот нуклеарен арсенал“, додаде тој, а прилогот покажува и како оpyжјето оди на запад од Краснојарск, град во Сибир.

Слична содржина

Путин се заkaни со нуклеарно оpyжје: Не блефирам!

Владимир Путин и се обрати на нацијата и најави делумна мобилизација која ќе започне денеска, тој исто така додаде дека Русија ќе го поддржи референдумот во четири региони на Украина.

„На наша страна се бори професионалната руска регуларна армија, како и војници од други земји. Ќе разговараме за чекорите за заштита на нашиот суверенитет, поддршката, волјата и желбата на нашите граѓани сами да одлучат.

За прв пат од почетокот на операцијата, ќе кажам дека имаме позитивни реакции, но Западот не е подготвен за мирно решение, рече тој.

Путин потврди дека Русија ќе го поддржи референдумот во четири региони на територијата на Украина:

„Ќе поддржиме референдум за луѓето во тие региони да можат слободно да го изразат своето мислење. Мислам дека ова решение е неопходно за да се заштити нивниот суверенитет.

Ќе започнеме и делумна мобилизација. Нагласувам – делумна. Ќе почнеме од денеска“, Путин рече, додавајќи:

„Целта на Западот е да ја уништи Русија и да ја принуди да се бори во различни региони. Тие дојдоа до нашите граници и продолжуваат да ги мразат Русите, особено во Украина.

Тие одбиваат мирно решение во Донбас, а нашата специјална воена операција беше неизбежна. Моравме да ја исчистиме областа од нацистите и окупаторските сили“, рече Путин на почетокот на својот говор.

Путин изјави дека Западот сака „да ја ослабне, подели и уништи Русија“ Тој додаде дека Западот „отворено кажува дека го скршиле СССР во 1991 година, а сега е време да го стори истото и со Русија“.

Путин конечно предупреди:

„Имаме и оpужје за масовно yништување, помодерно од НАТО. Ако треба да го заштитиме нашиот народ, ќе го заштитиме. Не блефирам!“, рече тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде