Teтовски „генијалец“: Му ја одземале возачката дозвола, си направил лажна

На 03.10.2022 околу 00:15 часот во близина на наплатна станица Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Oдделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода

35-годишниот Р.Ќ. од тетовско Орашје, поради сомнение дека поседува фалсификувана возачка дозвола, која му била одземена.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

Слична содржина

Една година затвор за Македонец кој возел со лажна возачка дозвола

Минатата недела полициските службеници провериле патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од 24-годишен македонски државјанин на автопатот во помурската област во Словенија, објави словенечки Дневник.

При проверка на документите се констатирало дека возачот користи комплетно лажна македонска возачка дозвола.

Судот во Мурска Собота го осуди на условна казна од една година затвор. Поради возење без возачка дозвола, полицајците го заплениле возилото, соопшти денеска полициската дирекција во Мурска Собота.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде