Брза реакција: МНР се огласи откако беше оштетен бугарскиот клуб во Охрид

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин кој се случи денес, 12 октомври во Охрид, со кој е искршена таблата на неодамна отворениот клуб.

Потсетуваме дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани на Република Северна Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања.

Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи.

Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите,

напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас.

Скршена таблата на која стоеше испишано името на неодамна отворениот бугарски клуб во Охрид „Цар Бори Трети“. 

Случајот за OhridNews го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски кој вели дека е пријавено оштетување на таблата со натписот на името на здружението над просторијата на клубот.

Околу 12.45 часот е добиено известување за оштетен дел со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. Дел од таблата е оштетен.

Во моментов СВР Охрид врши увид на местото и ќе работи на расветлување на случајот, вели Димоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде