Ужаcни сцени: Борбен авион се yрна во станбена зграда во Русија (Видео)

Воен авион се yрна во станбена зграда во рускиот град Јејск. Експлозијата за време на авионската несреќа предизвикала голем пожар, пренесува РТ.

Деветкатница во рускиот град Јејск се запали откако авион се урна во понеделникот вечерта.

Локалните служби за итни случаи тврдат дека станува збор за воен повеќенаменски борбен авион Су-34, јави руската новинска агенција Интерфакс. Истото го потврди и руското Министерство за одбрана.

Војската додаде дека авионот се урнал веднаш по полетувањето од локалниот аеродром на тренинг лет.

На видеото од местото на настанот што го објави медиумот „Маш“, се гледа катна станбена зграда зафатена од пламен, а облаците од густ црн чад се издигнуваат кон небото.

Пилотите кои биле во авионот се катапултирале на безбедно. Според нивниот извештај, еден од моторите на авионот се запалил веднаш по полетувањето, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според некои западни медиуми, авионот се урнал во станбен блок во Јејск, одморалиште на Азовското Море во близина на Крим. На местото на настанот пристигнале противпожарни хеликоптери и возила на брзата помош.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде