Убава вест за сите кои скенираат сметки: Мој ДДВ ќе се менува, од 2023 година граѓаните за три месеци може да добијат 2100 денари

Една од уредбите на Владата во изминатите години, која наиде на поддршка во Владата е секако повратот на ДДВ, кој им се овозможува, освен на компаниите и на граѓаните, кои скенираат фискални сметки.

„Со Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица за време на вонредна состојба (,,Службен Весник на РСМ”, бр.156/2020 од 12.06.2020) е регулирано

– враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра и услуги се врши во висина од 20%, а за останати добра и услуги се врши во висина од 10%, од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка.

Оваа пресметка се врши oд денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила и не подоцна од 31.12.2020 година.

Со цел имплементација на мерката преку која се поттикнува потрошувачката на македонските добра и услуги, Управата за јавни приходи брзо и ефикасно ја прилагоди апликацијата Мој ДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за

купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка.

Од почетокот на 2023 година можноста за поврат на данок, преку проектот мој ДДВ не само што ќе остане во функција, туку и ќе се модифицира.

Така граѓаните наместо досегашните 1800 денари за едно тромесечие ќе може да добијат до 2100 денари, најави Сања Лукаревска, директорка на УЈП во вечерашното издание на Дневникот на Сител.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде