Ќе имаме дури седум продолжени викенди: Ова е листата на празници за 2023 година

Koга се паѓа Велигден, а кога Бајpам – Ова е листата на празници за 2023-та година

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛАМИТЕ.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

01 јануари (недела), Нова Година, 02 јануари (понеделник) е неработен ден; 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар; 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;

21 април (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам; 01 мај (понеделник), Ден на трудот;

24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители; 02 август (среда), Ден на Републиката; 8 септември (петок), Ден на независноста, 11 октомври (среда),

Ден на народното востание; 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба; 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”, пренесува Centar.mk.

За граѓаните од православна вероисповед
06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик; 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици); 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден; 17 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;

2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).За граѓаните од католичка вероисповед ;

10 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден; 01 ноември (среда), Празникот на сите светци,; 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед – 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ : 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука: За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ : 27 јануари (петок), Свети Сава; За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ: 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите;
За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ: 23 мај (вторник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, ; За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците, ; За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде