Објавени детали: Возачот кој ги загуби ќерката, сопругата и мајката бил под дејство на алкохол

Возачот на „шевролетот“, кој вчера учествуваше во тешка сообраќајна незгода кај Кадрифаково, при што загинаа три лица, бил под дејаство на алкохол, покажала истрагата, а концентрацијата на аклохол во крвта дополнително ќе се утврдува.

Според направениот увид и првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „шевролет“ со скопски регистарски таблици, во кој се превезувале петмина патници од едно семејство кои се враќале кон Скопје од веселба во Кочани, почнал да претекнува возило „тојота“ со кочански таблички во кое се превезувале две лица.

Во моментот на престигнувањето, возачот на „шевролетот“ загубил контрола врз возилото по што прво удрил во левата банкина, а потоа се одбил и удрил во автомобилот што паралелно го претекнувал.

Како последица на судирот, двата автомобила се превртеле во канал покрај патот, соопшти Основното јавно обвинителство по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Миладиновци во која загинаа три лица.

Како последица на сударот, двата автомобила се превртеле во канал покрај патот, при што животот го загубиле три лица од скопскиот автомобил – сопруга, ќерка и мајка на сопругата на возачот. Останатите четворица учесници во несреќата се здобиле со телесни повреди, а најтешки повреди се констатирани кај сопатникот во кочанското возило.

Првичното тестирање кај возачот на автомобилот „шевролет“ покажало присуство на алкохол, но дополнително, со цел да се утврди точниот процент, земени се примероци од крв за анализа.

На местото на несреќата е повикан сообраќаен вештак, а обвинителството ќе издаде наредба за комплетно сообраќајно вештачење.

„Се обезбедува целокупна медицинска документација за повредените и починатите во несреќата. По целокупното испитување на настанот, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката“, се вели во соопштението.

Тројца од повредените, кои беа хоспитализирани во Клиничка болница Штип, се пуштени на домашно лекување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде