ТРАГЕДИЈА: Млада фудбалерка загина во несреќа при планинарење

Фудбалската репрезентативка на Молдавија, Виолета Митул, почина на 26-годишна возраст по „трагична несреќа за време на планинарење со клупските колеги“, јави синоќа Би-Би-Си.

Веста за смртта на молдавската фудбалерка ја потврдија нејзиниот клуб Ајнхејри од Исланд,

како и Европската фудбалска федерација (УЕФА), наведувајќи дека Митул починала „претходно оваа недела“.

Митул одигра 40 натпревари за репрезентацијата на Молдавија, а во клупската кариера настапуваше и во Италија и Шпанија.

Фудбалската федерација на Молдавија во своето соопштение ја нарече Митул „една од најдобрите фудбалерки во женската репрезентација“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде