Ова е најгледаната снимка на ТикТок – видео со над 2,2 милијарди прегледи

Најгледаното видео на TikTok му припаѓа на Зак Кинг и е илузија на темата Хари Потер. Досега има собрано повеќе од 2,2 милијарди прегледи.

Објавено е во декември 2019 година, а речиси три години подоцна сè уште ја тресе оваа социјална мрежа.

„Ја одбија мојата апликација во Хогвортс, но јас сепак најдов начин да бидам волшебник“, напишал тој.

Зак Кинг е американски режисер и илузионист. Тој сега има 69,8 милиони следбеници на TikTok и има собрано 894,4 милиони лајкови.

Неговото видео за Хари Потер има 19,7 милиони лајкови и повеќе од 500 илјади коментари.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде