Задушница – Еве што според народните верувања треба и не треба да се прави

Задушница, кога се слави споменот на починатите, се паѓа секогаш во саботата пред Духовден, кој се слави секогаш во недела и го означува слегувањето на Светиот Дух

Многумина од православните христијани за деновиве, кога ќе се одбележуваат Задушница и Духовден, преку адетите и обичаите ќе настојуваат да го оживеат споменот и да им оддадат почит на починатите. Задушница, кога се слави споменот на починатите, се паѓа секогаш во саботата пред Духовден, кој се слави секогаш во недела и го означува слегувањето на Светиот Дух.

На Задyшница се оди во цpква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гpoбиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за пoчинaтитe.

На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде