Вознемирувачко видео: Страотна несреќа на автопатот Скопје – Тетово

На социјалните мрежи се споделува вознемирувачко видео од автопатот Тетово-Скопје на кое се гледа како едно куче лежи покрај патот кое претходно било удрено од мотор.

Од ударот кучето најверојатно пцовисало, а моторот паднал на земја.

Додека возачот го подига моторот човекот кој го снима видеото коментира на Албански јазик „Ова се инцидентите на автопатот Тетово- Скопје, но за неколку секунди тој регистрира уште еден инцидент.

На снимката се гледа како возило удира друго куче, дигајќи го во воздух неколку метри со предницата на автомобилот.

На автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, често пати животни, претежно кучиња – скитница, како и мечки, волци и лисици, овци и коњи, зајци го преминуваат коловозот, предизвикувајќи сообраќајни несреќи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде