Трето полувреме на македонски фудбалски терен: Навивач го нокаутира гостинскиот голман

Вчерашниот вторлигашки меч помеѓу Вардар Неготино и Охрид Лихнидос имал и трето полувреме, откако неофицијално лице физички го нападнал голманот на гостинската екипа, Андов.

Инцидентот се случил по официјалниот крај на средбата на излегувањето кон соблекувалните, кога еден од присутните на стадионот со тупаници му се нафрли на чуварот на мрежата, кој заврши доле на теренот.

Следуваше брза реакција на редарите и полицијата, со што беше спречен поголем хаос.

„Фудбалската игра во Неготино беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со спортот. Поради лошата организација дојдовме до ситуација која не можеше да се контролира и многу лесно можеше да ескалира до поголем инцидент. По завршувањето нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица кои што без никаков проблем се најдоја на теренот.

Исто така и во претходната сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино, но немаше реакција од наша страна. Бараме реакција од одговорните лица на федерацијата, вакви сцени го уназадуваат македонскиот спорт“, стои во соопштението на Охрид Лихнидос.

Средбата, инаку, заврши со минимален триумф на гостинскиот тим (1-0), со гол постигнат во првото полувреме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде