Сведоштво од скопскиот земјотрес: Бевме на журка, се слушна татнеж, луѓе со кои до вчера бев заедно ги вадеа од под урнатините…

26 јули 1963 година, 5 часот и 17 минути изутрина.

Големиот земјотрес траел 20 секунди, а помали имало до 5 часот и 43 минути. 1.070 лица го загубиле животот, а околу 4.000 биле повредени под урнатините. 15.800 станови биле урнати, а 28 000 оштетени. Над 200.000 луѓе останале без покрив над главата.

58 години од земјотресот кој со јачина од 6,1 степен по Рихтер и епицентар на длабочина од 5 до 7 километри го сруши до темел Скопје.

59 години подоцна на истиот ден разговараме со проф.д-р Борка Велковска поранешна професорка на Градежен факултет како една од живите сведоци на земјотресот. Тогаш имала 24 години, само што дипломирала и се подготвувале за свадба со сопругот. Земјотресот ја одложил за една година свадбата, но не и регистрацијата под шатор.

„Во очи на земјотрес бевме на некоја журка. Кога додјов дома одеднаш некој татнеж , страшно беше да се слушне. Од витрината вака летаа чаши. Не знаев што е додека татко ми не дотрча и  рече станете земјотрес. Кога излеговме од куќа имаше црвена магла. Многу куќи од околината паднаа и од циглата се создаде магла, прашина, никогаш нема да ја заборавам“, вели Проф.д-р Борка Велковска.

„Гледате луѓе со кои до вчера бевте заедно ги вадат од урнатите згради.Гледате луѓе покрај кои поминувавате со голи раце копаат да ги извадат тоа многу значи“, додава Проф.д-р Борка Велковска. 

На земјотересот гледа како пресврт во градежништвото. До тогаш се градело на друг начин за разлика од сега. Денеска ниедна зграда не може да се гради додека не  да добие дозвола додека е сеизмички градена. Сепак, професорката Велкосвка како градежен инженер се сомнева во квалитетот на градежните м,атеријали што се користат за изградбна на денешните згради.

Целата сторија на ТВ21: ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде