Драма: Избегал од затвор, а кога го фатиле ги нападнал полицајците!

Денеска (27.07.2022) во 12.20 часот на улица „Петре Прличко” во Велес, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(32) од Куманово, со живеалиште во Шуто Оризари, Скопје, соопшти МВР.

„Тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од четири години и 10 месеци, а бил осуден на 11 години и еден месец. При лишувањето тој физички нападнал двајца полициски службеници, по што бил спроведен во Полициската станица Велес за понатамошна постапка“, се вели во полициското соопштение.

По документирање на случајот тој ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде