Бугарското МНР подготвува нов документ за односите со Македонија

Бугарското министерство за надворешни работи ќе подготвува нов документ задолжителен за сите институции според кој ќе се диктира темпото на веќе договорените обврски кон Македонија согласно протоколот.

Во следните два месеца, новиот техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков очекувал да бидат усогласени конкретни обврски . Заменикот на Теодора Генчовска е дециден дека ваквиот чекор бил поради страв од како што вели ерозирање на она што беше договорено.

„ Ни следува прифаќање на еден писмен документ кој ќе ги дефинира задачите на разни институциии и организации во однос на тоа што ќе се прави во иднина во односите со Македонија.

Во овој системски приод ќе бидат јасно напишани задачи и одговорности, за да можат да се очекуваат добри резултати“, изјави Николај Милков.

Сител се обрати и до македонското МНР. Оттаму нема одговор дали добиле известување дека во Софија се крои нов пишан документ за спроведување на договореното со протоколот и какви импликации ќе донесе истиот.

Со билатералниот протокол двете страни се обврзаа со рокови кога треба да биде спроведено договореното. Македонија ќе треба во рок од една година да подготви ново законско решение со кое ќе биде овозможено да се отворат архивите на тајната полиција во периодот од 45-та до 91-ва.

Согласно потпишаното во Софија ќе се санкционираат сите кои преку своите дела ќе шират говор на омраза. Во однос на историската комисија двете влади им замерија на историчарите дека недоволно одржувале состаноци, па сега тие ќе мораат да оддржат и до 10 состаноци на годишно ниво,а во рок од една година треба да започне и заедничкото чествување на сите договорени историски личности.

Македонската влада ќе мора и до стартот на учебната 2024-та година да го смени и учебникот по географија за втора година средно поради како што е наведено неосновани етнички/територијални претензии.

Иако македонско МНР порача дека бугарскиот конзул во Македонија тој немал право да биде присутен на увидот во културниот центар „Ванчо Михајлов“ бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Македонија, новиот бугарски министер за надворешни, не гледа никаков проблем во тоа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде