Одлична вест: БЕСПЛАТНИ часови по пливање за првачињата и за децата со попреченост во основните училишта во општина Аеродром

Бесплатно пливање за сите првачиња и деца со попреченост од основните училишта во општината, за правилен и подобар психо-физички развој на најмалдите, се предвидува со најновиот проект на Општина Аеродром ,,Учиме да пливаме”.

Проектот кој е изработен во соработка со Сојузот за училишен спорт на Општина Аеродром и во реализација на Скај велнес, предвидува создавање услови за најмладите да добијат соодветна обука и совладување на вештините за пливање, кое има клучна улога во правилниот психо-физички развој и здравјето на децата.

,,Учиме да пливаме” е проект кој предвидува олеснување на семејниот буџет на секое семејство на територија на Општина Аеродром кои имаат дете во прво одделение или дете со попреченост.

Со субвенционирањето, сите опфатени ученици добиваат: часови пливање, опрема за пливање (капа, наочари), пешкир, сертифициран спортски едукатор како и превоз на учениците од училиште до базенот и назад.

Приоритет на општината се најмладите. Единствено низ сериозни инвестиции, чекори и иницијативи за подобрување на образовниот процес, како и вложување во спортската инфраструктура, можеме да создадеме здрава и едуцирана средина!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде