





Здравствениот систем остана без КАРИЛ по вчерашната поплава.




Оваа клиника е поплавена и е надвор од функција.




Пациентите веќе се препраќаат по други болници и клиники, а за тоа стигна и официјално соопштение потпишано од министерот.

Извор: Информакс
Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.




Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.




Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ=6.




Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.




Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.




До петок ќе се задржи нестабилно време, претпладне претежно сончево, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.




Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.




Во најновата метео-прогноза Славчо Поповски испрати предупредување:




Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд кој повторно може да услови поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.