По Словенија, утрово снегот стигна и на Балканот

Во текот на вчерашниот ден снег падна во Словенија, пренесува метео.си.

Според снимките од Кредарица во северозападна Словенија, на теренот останало поголемо количество снег.

Снег се уште паѓа, а температурата е -4 степени Целзиусови.

Северниот ветер дува со брзина од 37 километри на час,пренесе индекс.хр.

По снегот во Словенија, утрово снег падна и во делови на Босна и Херцеговина.

Првиот снег на планините падна денеска во Босна и Херцеговина, откако се забелеа и повисоките места во Словенија. Утрово снег паѓал на планината Влашиќ, во централна Босна.

Во најголем дел од Босна и Херцеговина во текот на целиот ден врнеше дожд, а според прогнозите за следните денови, се очекуваат нови врнежи од снег во областите над 1.500 метри надморска височина.

Во Македонија, времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд.

Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен северен ветер, што ќе услови значително опаѓање на дневната температура.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 16 до 23 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно, а во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Услови за локален дожд ќе има во среда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде