Стpaoтни снимки: Се рушеа згради и мостови, семејства останаа заглавени под урнатите и без кров над главата – силен земјотрес го погоди Тајван

Повеќе камери го забележале силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди Тајван. Во земјотресот се урна мост и трикатница во која се наоѓало едно семејство.

Постар брачен пар е извлечен од урнатините на зградата, а спасувачите се уште трагаат по мајката и нејзината петгодишна ќерка, кои се под урнатините.

Моментот на земјотресот е фатен на камера, а на снимката направена по земјотресот се гледаат шокантни сцени од луѓе кои трчаат на безбедно, додека околу нив има урнатини.

Зградите во Тајпеј, главниот град на Тајван, денеска повторно накратко се нишаа додека островот го погоди уште еден земјотрес. Тајван се справува со афтершокови по два силни земјотреси за два дена, од кои најсилниот денеска.

Американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот издаде предупредување за Тајван по земјотресот, но подоцна го повлече предупредувањето.

Тајванската метеоролошка служба соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во округот Таитунг и следел по синоќешниот земјотрес со јачина од 6,4 степени во истата област, кој не предизвикал жртви.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде