





Packoл во ВМРО-ДПМНЕ: Поранешен висок функционер најави иницијатива за смена на Мицкоски




Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов најави иницијатива за промена во раководството на ВМРО-ДПМНЕ и смена на актуелниот прв човек на партијата, Христијан Мицкоски.




„Ви упатувам покана за присуство на прес конференција во организација на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ, на тема:




“Иницијатива за промена на Мицкоски од лидерската позиција”.




Прес конференцијата ќе се одржи на ден 21.09.2022 (среда) во 12:00 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје“, се наведува во соопштението испратено до медиумите.



