РКЕ донесе одлука: Големо намалување на цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38% во однос на одлуката од 16.09.2022 година.

-Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,082 ден/кг и сега ќе изнесува 50,391 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 20.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,391 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек:

кај бензините за 1,807%, кај дизелот намалување за 3,978%, кај екстра лесното масло намалување за 2,120% и кај мазутот намалување за 0,908%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,218%, соопштија од РКЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде