Славчо Поповски најавува: Вечеpва во Македонија го очекувајте ПPВИОТ CНЕГ

Времето денеска беше променливо облачно, од пладне и попладнето има повремени локални врнежи од дожд.

Дува умeрен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури беа во интервал од три до 12 степени, а највисоките во денот – од 12 до 21 степен.

До крајот на денешниот ден се очекува првото провејување на снег за оваа сезона на Шар Планина, најави Славчо Попоски.

Потоа, од утре па во следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.

Температурите остануваат под просекот за овој период од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 22 степени,

додека наутро ќе биде доста студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу па дури и за некој степен под нулата, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде