Видео од протестот против мобилизацијата на Путин: Протестантите и полицијата се cyдрија – голем број уапсени

Во Русија утринава започнаа првите протести против мобилизацијата нарачана од претседателот Владимир Путин.

На социјалните мрежи се шират снимки од граѓани кои протестираат на истокот на земјата – во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.

Каде и да се појават демонстрантите, заедно со редовната полиција, има и полиција за немири, со шлемови на главите, која апси луѓе влечејќи ги, поточно отстранувајќи ги од улиците.

Се појавија видеа на кои се гледаат првите апсења, а веќе се споменуваат десетици приведени. Најмалку дванаесет лица се приведени во Иркутск.

На видеата се гледа како полицијата фрла некои луѓе на земја при апсењата.

Тие бројки може значително да се зголемат вечерва, бидејќи антивоеното движење Весна повика на протести во градовите и населбите низ Русија во 19 часот по локално време.

„Не мора да умирате за Путин. Во Русија сте им потребни на оние кои ве сакаат.

Московското обвинителство објави дека учеството во протести и неодобрени „масовни настани“ е казниво дело што може да резултира со „затворска казна до 15 години“.

Претходно руската опозиција и активисти повикаа на протести против делумната мобилизација наредена од рускиот претседател Владимир Путин.

Руските власти досега ги прекинаа протестите, а независниот медиумски проект за човекови права ОВД-инфо проценува дека од почетокот на војната во Украина на 24 февруари досега се приведени 16.437 лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде