Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој реализираше исплата на повеќе мерки од програмата за директни плаќања.
188 корисници се исплатени со финансиска поддршка во висина од 17.5 милиони денари за засеани и ожнеани површини со полјоделски култури за кои е употребен сертифициран семенски материјал, а пријавената површина е од 5 до 50 хектари.
Извршена е исплата и за мерката за производство на говедско месо за кои се исплатени 1.4 милиони денари за 131 корисник.
Корисници на оваа мерка се огледувачите на говеда кои имаат минимум 30 грла говеда обележани и евидентирани во Регистарот за одгледувалишта на говеда.
2837 одгледувачи на овци добија финансиска поддршка од 103 милиони денари за задржано женско јагне.
Исплатена е и финансиската поддршка за задржано женско јагне во висина од 13.7 милиони денари за 1540 одгледувачи на кози.