Стојам пред лифт во зграда, слушам мукање. Муууууу!
Викам некој телевизор, гласно пуштен.
Пак мууууу! Ама некако…
Го гледам комшијава влегува со ѕидарска количка полна сено.
Ме виде се стаписа. Ми вика, не се чуди купив крава. Во подрум ми е врзана. Знаеш со мали деца сум и ти имаш, не можам по две млека секој ден да купувам. Еве помагај ми околу кравата и тебе ќе ти давам млекце сирење. Да не купуваш од Тинекс, Веро.
Јас у шок. Ко ја видов Радица во подрум. Кравата се вика Радица.
Викам да викнеме телевизии, да ја снимат. Да видат од која мака крава си купил. Неееее комшо, ќе ми викнат инспекции, ќе ми ја земат
Крава во зграда.
И така сега јас ја изнесов на пасење у двор. Некои шетаат померани и пудлици, низ населба јас Радица ја шетам. Не е баш тренди, ама млеко дава. Сабајлево првпат ја измолзев. 20 литри машала.
А вие во опозицијата напуштате го парламентот и одма да се оди на предвремени, да не правиме од подрумот живнираска фарма. Оти ова со цените на храната е резил и злосторство против сопствениот народ.
Овие предавници мора да заминат од власт што побрзо.