Таравари вечерва ја CТPЕСЕ политичката сцена во Македонија: Алијанса ако добие покана за влез во Влада, ќе ја разгледаме

Вечерва политичка БОMБА во Македонија: Таравари објави дека ако добијат покана за влез во Владата, ќе ја разгледаат

Градоначалникот на Гостивар и в.д претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари изјави дека доколку добијат понуда за влегување во Влада, истата ќе ја разгледаат.

 Засега не сме разговарале за тоа, сега сме фокусирани на реорганизација на партијата. Претежно сме на терен и разговараме, ги слушаме активистите и симпатизерите.

Не сме разговарале за условите за влез или излез. Не сме биле во Влада, па не сме ни размислувале. Но, ќе видиме, ќе испитаме дали ќе има таква понуда.

Досега не сме добиле понуда, изјави Таравари одговарајќи на новинарско прашање за можноста за влез на Алијанса за Албанците во извршната власт и под кои услови би прифатиле.

Таравари се осврна и на последните случувања во ДУИ, напоменувајќи дека не сака да коментира случувања во другите политички партии,

но сепак , оцени дека е започнат распадот на ДУИ и дека очекува тоа наскоро да се случи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде