Љупчо Николовски само што објави убава вест: Нови 140 милиони денари преку Интервентниот фонд за финансиска поддршка на млекопроизводителите

Министерот Љупчо Николовски на денешната прес-конференција информираше дека на денешната владина седница биле предложени и усвоени низа нови мерки за поддршка на земјоделците.

Една од нив е новата мерка од околу 140 милиони денари за финансиска поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо козјо и овчо млеко во домашните капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година

„Одговорно и навремено креираме мерки за поддршка на секој земјоделец. Наша обврска како Министерство е да го стабилизираме, одржиме и зголемиме домашното производство

и да го поттикнеме и подобриме производството на храна намалувајќи ги трошоците на земјоделците. Крајната цел е поголем домашен принос пред се на стратешки култури и помала увозна зависност.

Поддршката кон земјоделците ја продолжуваме. На денешната владина седница предложивме и беа усвоени низа нови мерки за поддршка на земјоделците.

Интервентниот фонд што го основавме оваа година го дополнивме со нова мерка којашто е околу 140 милиони денари за финансиска поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо козјо и овчо млеко во домашните капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година.“

Николовски нагласи дека ова претставува дополнителна поддршка преку Интервентниот фонд, чија цел е намалување на трошоците и на загубите кај млекопроизводителите и

додаде дека од страна на Платежната агенција веќе се поднесени налози за исплата на следната фаза – март, април и мај 2021 година кон 6000 корисници во вредност од 150 милиони денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде