Популарната „Седмица“ ги поскапе сендвичите

На социјалните мрежи се појави фотографија за која се тврди дека легендарниот ланец на фаст фуд сендвичарници „7“ има нови цени на сендвичите.

Така, според фотографијата Хамбургерот чини 200 денари, додека чизбургерот се продава за 220 денари.

Тостот се продава за 150 до 170 денари.

Наша екипа беше во една од сендвичарниците и се увери во новите цени, но и во препознатливиот долг ред на луѓе кои чекаат да купат и да уживаат во вкусот на омилените сендвичи.

Разговаравме со дел од купувачите кои ни рекоа дека „7ца“ има и понатаму одлична цена на своите производи, особено ако се земе во предвид големината на сендвичот, како и специфичниот и неодолив вкус.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде