





Рибар (41) денеска добил изгореници од прв и втор степен кога го удрил гром при невреме.
Инцидентот се случил околу 18 часот на Дунав кај Кладово.




Мажот е на хируршкото одделение во Кладово и е надвор од животна опасност.




Силно невреме денеска зафати делови од Војводина, потоа поширокото подрачје на Белград, а потоа и централна и западна Србија, а не беше поштеден ниту истокот, јавуваат српските медиуми.




За време на силното невреме што попладнево го зафати Белград, да потсетиме, гром удри во пистата на аеродромот „Никола Тесла“ и во таа прилика направи штета, поради што привремено беа прекинати полетувањата и слетувањата на авионите.




Силно невреме во текот на попладневните часови го зафати Чачак.




Дождот кој непрекинато паѓаше повеќе од триесет минути на повеќе градски улици остави поплава, а во некои делови од градот се активираа и поројни потоци.




На територијата на нашиот град наврна големо количество дожд, а поради обилните врнежи водата остана на улиците каде што беше блокирана канализационата мрежа на аголот од улиците Радише Поштиќ и Учиќа Мариновиќ.




Во близина на основното училиште „Вук Караџиќ“ имавме формирање на езеро, а поголема количина на вода е забележана и на улицата Даниче Марковиќ – изјави за РИНУ Братислав Зечевиќ од секторот за цивилна заштита на Град Чачак.




За повеќе видеа и слики од силното невреме во Србија кликнете ТУКА



