Зоран Мијалков од Штип кој пред неколку дена сподели случка што им се случила додека шетале со неговиот син, кој е дете со посебни потреби, денеска повторно се огласи.
Тој претходно на социјална мрежа ФБ видно изpeволтиран од случката го напиша ова, а денеска објави и апдејт.
Значи новите генерации се ептен испуштени од раце и се крајно безобразни младинци
Шетам со поголемиот син Петар низ градот и овој пат одевме фатени за рака и Петар од време на време се гушка во мене и јас го бакнувам во чело
Зад нас одеше една група на млади момчиња 15-16 годинишни
Кога почнаа да зборуваат гласно, доволно за да ги слушнам :
– Види ги бе
– И у Штип педери имало
И уште други безобразни работи
Си велам ајде нема да реагирам
Кога, се одлучија и почнаа да дофрлаат
Среќа многу мирен и сталожен човек сум
Се обрнав и им кажав дека мојот син е со посебни потреби, дека треба да се засрамат и извинат
На што почнаа само да се смеат и дури еден дофрли дека можело да не истепаат
Е тука веќе ми пукна филмот и малку го подигнав за јакната од земја
Среќа што кратко ми траеше лутината и не избришав улицата со нив, со што ќе си направев проблем
Воспитувајте си ги децата луѓе !!!
Може касно да биде ако ги испуштите кога се веќе во пубертет!, напиша тогаш Зоран, а сега објави дека дознал кои се родители на две од децата.
Апдејт:
Дознав кои се родители на две од дечките и ги исконтактирав.
Викендов истите ќе прошетаат заедно со мене и децата за да видат дека Петар е ист како нив и само малку различен.
Така се надевам ќе им биде животна лекција инци дентот.
Баш сум среќен што вака има шанса да се вратат на вистинскиот колосек.
Љубовта ќе го спаси Светот, затоа простувањето и вложувањето во децата се многу важни
И не мислев и не мислам дека се лоши млади луѓе, само им треба усмерување како да станат добри луѓе со почит кон секого.