НЕВЕРОЈАТНО: Погледнете колку изнесува сметката за струја за месец август во болницата во Гостивар

Гостиварската болница објави дека сметката за струја за август, во однос на претходните години се зголемила за цели 451%, со што оттаму велат дека ако продолжи овој тренд, ќе биде многу тешко за функционирање.

„Земајќи го во предвид трендот на поскапување на потрошената електрична енергија по (KWh) и согледувајќи дека цената на електричната енергија бележи драстичен пораст од 3,70 ден на 35,93 ден (зголемување за 32,23 ден или 871 %),

ние како институција започнавме да ги преземаме сите неопходни мерки (ограничувања) за намалување на потрошувачката на електричната енергија во наредните месеци бидејќи тие се навистина неиздржливи.

Од финансиските анализи што ги направивме, врз основа на официјална документација и споредувајќи ги фактурите за месец август 2018/2019/2020/2021 и 2022 година добиени од добавувачите Fuente Dynamics и ЕВН групацијата кои ја снабдуваат нашата институција со електрична енергија,

се забележува дека како резултат на поскапувањето на електричната енергија, фактурата за месец август 2021 година во однос на фактурата за месец август 2022 година бележи пораст од 451%.

Во продолжение ви претставуваме подетална анализа;

Фактура за месец август 2018 година (431.457 ден, 7.015 евра),

Фактура за месец август 2019 година (465.663 ден, 7.571 евра, +8% зголемување во однос на месец август 2018 година),

Фактура за месец август 2020 година (379.202 ден, 6.166 евра, -23% намалување во однос на месец август 2019 година),

Фактура за месец август 2021 година (507.872 ден, 8.258 евра, +34% зголемување во однос на месец август 2020 година),

Фактурата за месец август 2022 година (2.800.517 ден., 45.536 евра, +451% зголемување во однос на месец август 2021 година).

Сметаме дека сите јавни здравствени установи во нашата држава се соочени со овa проблемaтика и со жалење може да констатираме дека доколку оваа висока цена на струјата продолжи и во наредните месеци,

ќе биде многу тешко да се менаџира, функционира и да се реализираат сите проекти и основни планови, велат од Болницата во Гостивар.

Извор: Тв21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде