„Врие“ во Град Скопје: Денеска оставка си поднесе заменик градоначалничката Абази

Заменик градоначалничката на Град Скопје Бујаре Абази денеска поднесе оставка од функцијата.

Абази, која е од редовите на партијата Алијанса за Албанците, на денешната прес-конференција истакна дека АА од своето формирање континуирано демонстрира принципиелна и транспарентна политика.

– На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие кои што наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани,

но актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните, нагласи Абази,

осврнувајќи се на новите функции кои ги добија членови на ДУИ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде