Драма поради долг: Му дошол извршител дома, домаќинот го нападнал со нож, па избегал

Млад жител на битолското село Мусинци вчера е yапсен откако се однесувал агресивно кон полицајци и кон извршител кој дошол во неговиот дом за да наплати долг, а потоа го нападнал извршителот со остар предмет, по што избегал, соопшти МВР.

„На 29.09.2022 во 20.00 часот во с.Мусинци, општина Могила, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода е Ѓ.Р.(30) од с.Мусинци.

Тој, во дворот на неговата куќа агресивно се однесувал и попречувал судски извршител и полициски службеници при преземање на службени дејствија, а со остар предмет се обидел да го нападне извршителот и оштетеното лице, по што побегнал“, се вели во соопштението.

По преземени мерки, тој бил пронајден и пронајден и yапсен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава, велат од МВР.

Слична содржина

Должела 120.000 денари на изврштиел, па се обидела да се caмозапали со бензин на кејот на Вардар

65 годишна жена сакала да си го одземе животот преку cамозапалyвање на кејот на Вардар, но случаен минувач-велосипедист успеал да ја спаси. 

На локацијата настанала вистинска драма, кога 26 годишниот скопјанец минувал под мостот кај МАНУ.

Без дилеми посегнал по жената која во едната рака имала шише со бензин, а во другата запалка.

Во обидот за спасување и двајцата завршиле во реката, бидејќи жената пружала отпор, а потоа со возило на Брза помош била однесена во болница за укажување лекарска помош. 

Според неофицијални и непотврдени информации кои кружат на социјалните мрежи, причината за посегање по својот жиот од страна на 65 годишната жена било долг кон извршител.

Наводно, на жената и била одземена покуќнината и најосновните средства за живот од страна на извршителот, потоа и мобилниот телефон, а долгот изнесувал 120 илјади денари. 

На социјалните мрежи, се шпекулира дека долгот е настанат по основа на судски такси за кои жената понудила да плаќа на рати, но нејзиниот предлог бил одбиен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде