Нова пpовокација од Бугарија: Cкандалозна изјава на Захариева за „македонизмот“ и ЕУ!

Антибугарското расположение во Република Македонија одамна се претвори во антиевропско, а граѓаните на Македонија се жртва на југословенската пропаганда на омраза кон Бугарија, обвинува поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева непосредно пред тамошните парламентарни избори.

Захариева во интервју за агенцијата БГНЕС потврдува дека во Брисел разбираат дека „македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е местото во ЕУ“.

-Треба да бидеме наивни за да речеме дека Брисел не ја разбира нашата загриженост. Урсула фон дер Лајен тешко дека ќе заборави како ја пречекаа во парламентот на Северна Македонија – со плакати „Предавници на народот“, „Народот рече НЕ, свестете се“,

„Јазикот е идентитет“, „Деца на заевизмот, вие го враќате фашизмот“. Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски. Сите знаеме кој има интерес од ова, кој не сака Македонија да влезе во Европската Унија и кој сака Балканот да остане нестабилен – вели Захариева.

На прашањето во врска со однесувањето на навивачите на фудбалскиот натпревар на репрезентациите на двете држави во Скопје,

Захариева порачува дека „на политичарите во Скопје едно треба да им биде јасно“ дека ЕУ гарантира подобар живот за нивните граѓани и тие го сакаат токму тоа.

– Но наместо да одат по патот на добрососедството, тие сѐ уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија.

Затоа сакаме оваа земја да ги отвори своите архиви на тајните служби, да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови, да го отстрани јазикот на омраза од учебниците и медиумите.

Никој не ги бира соседите, нема шанси да ги придвижиме нашите земји понатаму, па затоа е смешно и одвратно да се живее вака – во омраза.

А кој и да го поттикне тоа ќе биде најстрого казнет, ​​ако не сега, тогаш во историјата“, додава поранешната шефица на бугарската дипломатија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде