Трагедија: Возач на „Ауди“ со македонски регистарски таблички загина во страшна сообраќајна несреќа на Автопатот Е-75 кај Суботица

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 5:30 часот на автопатот Суботица-Нови Сад, во близина на наплатната рампа, пренесува pink.rs

Во оваа сообраќајна несреќа едно лице загинало на лице место, а три се повредени и се сместени во болница во Суботица.

Во несреќата учествувале „ауди а4“ со странски регистрации и „ивеко“ со српски таблички.

Првите резултати од истрагата покажуваат дека до несреќата дошло кога возачот на Ауди изгубил контрола, најверојатно поради несоодветна брзина,

возилото се префрлило на левата страна од коловозот, а потоа и на службениот премин меѓу коловозните ленти, што беше обезбеден со вертикални бариери.

Аудито ги удрило и ги срушило тие вертикални препреки, па удрило во заштитната ограда, од која се одбило, се завртило и преминало во коловозната лента наменета за движење на возилата од спротивната насока, удирајќи во камион кој се движел по десната лента.

После тој контакт, аудито застанува со задниот дел на насипот, а со предниот дел во лентата за застанување.

Возачот на Аудито им подлегнал на повредите на лице место, а повредени се и двајца сопатници од тоа возило, како и возачот на камионот.

Според информации на Блиц.рс аудито во кое загина едно лице било со македонски регистарски ознаки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде