Внимавајте: Поскапе и „пајкот“ во Скопје – еве какви се новите цени на казните!

Со новите промени во поделбата на зонските паркиралишта, кои ќе стартуваат од утре,  ЈП ПОЦ направи измени и во Ценовникот на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта и Ценовникот на услуги и надоместоци за отстранување и преместување на Возилата.

Со други зборови, поскапува цената на „пајакот“, па затоа – внимавајте каде паркирате.

Според новиот ценовник на ПОЦ повеќето цени се зголемени за 1000 денари, додека некои остануваат непроменети.

Па така, доколку возилото е кренато од означено и резервирано паркинг – место за лица со инвалидитет, цената е непроменета, но највисока, сопственикот ќе треба да плати 6000 денари само за кревањето, а згора на тоа и казна за непрописно паркирање.

Доколку „Пајакот крене возило тешко до 2500 килограми, наместо 2500 денари како досега ќе треба да се плати 3500 денари, а за потешките возила 4500 денари.

Отстранување на автомобил паркиран на зелена површина од утре ќе чини 4500 денари, наместо 3500.

Новиот ценовник е објавен на веб страната на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде