Апокалиптични сцени: Силното невреме направи пустош – има и загинати

Рон ДеСантис, гувернерот на Флорида, ја опиша како историска штетата која ураганот Иан ја предизвика во јужната американска држава. Тој рече дека ќе бидат потребни години за државата да се опорави од ураганот.

– Никогаш не сме виделе вакви поплави, рече тој. Засега се уште е рано да се процени штетата, наведуваат американските медиуми.

Ураганот вчера попладне по локално време ја погоди државата Флорида како бура од четврта категорија. Тој го погоди копното во југозападниот дел на државата пред да продолжи да напредува кон исток. Потоа ослабе до тропска бура.

Утрово повеќе од 2,6 милиони домови и деловни објекти на Флорида се без струја од вкупно 11 милиони.

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на значајна природна катастрофа за државата, овозможувајќи да се деблокираат дополнителни федерални средства за погодените области.

Форт Мајерс, Кејп Корал, Пунта Горда, островите во окрузите Ли, Шарлот и Колиер се тешко погодени. Во централно-источниот дел на државата поплавите, исто така беа катастрофални.

Бурата сега се движи кон Јужна Каролина, а потоа се очекува да се врати над океанот до крајот на денот. Според метеоролозите, Иан може повторно да зајакне.

Според најновите извештај, расте бројот на загинати во Флорида откако оваа американска сојузна држава ја погоди ураганот Иан. Според Си-Ен-Ен, за помалку од два дена загинааа најмалку 45 луѓе.

Ураганот направи пустош и зад себе остави апокалиптични слики. Без струја останаа повеќе од 1.4 милиони луѓе само на Флорида.

Три жртви има и во Куба, а вистинскиот број на загинати во оваа земја се очекува значително да се зголеми откако службите ќе ги пребараат областите кои беа најтешко погодени од бурата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде