Митовски од Инфомакс најави „бомба“: Следува истрага за “енергетска мафија” од една опозициска партија – досега се чувала во фиока!

Јас не сум сретнал професор со шест стана, не сум сретнал професор со вила вредна момеѓу 2-3 милиони евра во една од најелитните населби во Црна Гора, не сум сретнал човек кој јавно од опозиција зборува по пријатели дека направил пари за пет животи и веќе ништо не му треба, вели уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во денешната епизода на “Тешки муабети.”

– Се уверивме дека сме верувале во Јуда, во човек кој кажувал едно и правел друго и тоа со тек на време ќе се докаже, вели Митовски.

Милош Милошевски додава дека се што беше национален интерес во последниве неколку години е продадено.

– Се што беше клучен национален интерес во изминатите години беше предадено, двојазичност, договор со Бугарија, Преспански договор, немаше став за референдум, на што Палевски додаде дека тоа е лажна опозиција, вели Милошевски.

Александар Митовски ексклузивно најави дека во наредните денови ќе биде објавена истрага која ОЈОГОК ја држело во фиока.

– Најавувам оттука дека овие денови ќе најавиме една истрага на ОЈОГОК која во претходниот период се држела во фиока, веројатно за да се контролира таа опозиција, кога велиме контролирана нели треба да се има механизам за контрола и веројатно таа предистрага е дел од таа контрола.

Како и да е во наредниов период сакам ексклузивно да најавам дека ќе објавиме една таква предистрага како во Македонија е предадена пред се идеологијата,

македонизмот и на крајот е продадена политичката партија, не навлегувам која политичка партија, најави Митовски кој додаде:

– Се работи за поголема мрежа, енергетска мафија, мафија која работи на територија на поранешна Југославија, но тоа е се подетално опишано, кој, што, како, каде имал фирма, вели Митовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот ЛИНК.

Извор: Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде