Најнови вести во врска со потрагата по 22-годишното момче кое со автомобил излета во Вардар

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово известува дека и денеска продолжува потрагата по возачот од автомобилот кој на 27.09.2022 година излета и потона во водите на реката Вардар во близина на с.Желино.

Од 09.00 часот на терен се и извршуваат копнена претрага 50 војници од Касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ од Тетово, девет (9) припадници од армиската специјална единица „Волци“ со нуркачки тим,

осум (8) вработени во Територјалната противпожарна единица ТППЕ Тетово, два (2) вработени од ДЗС Тетово,

осум (8) вработени од Дирекцината за заштита и спасување ДЗС Куманово, а се очекува да се приклучат и двајца (2) нуркачи од ДЗС.

Присутни се и полициски службеници од ПС Групчин и ПС Јегуновце, два (2) од РЦУК Тетово, а исто така помагаат и доброволци од месното население.

Од страна на граѓани се обезбедени и пет (5) дрона за воздушно набљудување, но поради дождот истите моментално не дејствуваат и се чека да се создадат услови за и тие да се вклучат во потрагата.

Состојбата се следи и ако има нови моменти ќе информираме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде