Денеска во 04:19 часот од Итна медицинска помош во Полициска станица Бит Пазар било пријавено дека од страна на К.С. во стан на улица „Џон Кенеди“ бил пронајден починат нејзиниот сопруг Р.С.(70).
Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош, без траги на наcилcтво.
По наредба на Јавен Обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.
Слична содржина
Трагедија го потресе регионот: Загина цело семејство откако во нив удриле пијани возачи кои се тркале
Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа кај Мостар, во која четворица луѓе го загубија животот, а уште четворица се тешко повредени,
била предизвикана од пијани возачи кои организирале трка со автомобили, неофицијално дознава Klix.ba.
Во алкохолизирана состојба се тркале М.П. во автомобил „БМВ“ и М.Д. во „Мерцедес“, кому биле измерени 2,5 промили алкохол во крвта.
Cмртно настрадал бизнисменот Мате П, кој управувал со „БМВ“-то, а кој притоа со пријалтел се враќал од крштевка.
Тие се тркале во насока од Мостар кон Чапљина и во местото Буна-Затон во близина на Бунскиот канал усмртиле недолжно семејство кое патувале во „Рено Сеник“ од обратен правец.
Во ставичниот судир, во „Реното“ смртно настрала брачната двојка Крстиќ од Мостар, заедно со нивниот деветгодишен син, додека тригодишната ќерка се здобила со тешки повреди и се бори за живот во мостарската болница.
Тешко се повредени други тројца патници кои биле заедно со Мате П. во „БМВ“-то.
Припадниците на полициската управа во Мостар пет часа вршеле увид на местото на несреќата, која ја потресе јавноста во земјата.